-Среде кризна состојба ги остави државата и граѓаните. Капитулантски, дезертерски и предавнички чекор. И во тоа ужива. Сега само заради изборен маркетинг, Заев се врати на фотографирање во пепелосаната Македонија. Среде пепелот, Заев се појавува во блуза Астон Мартин од 500 евра и со лакирани чевли. Заев дезертертираше, а денеска со лакирани чевли и Астон Мартин маичка од 500 евра не се гаси пожар, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека наместо помош, граѓаните добија фотографии.
-Наместо системски одговор пред огнената стихија, добија соопштение за влада по плажи на телефони. Наместо државнички зафати за помош и спас, добија капитулантски и предавнички маркетинг. Зоран Заев и СДСМ се срам за Македонија. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори. Од Заев и СДСМ се бара одговорност, истакнуваат од партијата.