Врз основа на податоците од сојузните и покраинските министерства за внатрешни работи, од 1.003 припадници на мафијата во Германија, 519 се членови на калабриската Ндрангета, 134 на сицилијанската Коза ностра и 118 на неаполската Камора.
Исто така се наведува дека во Германија се активни 33 членови на Стида, сицилијанска група и 37 членови на криминална организација од провинцијата Апулија, додека 162 членови на мафијата не можат да се класифицираат во која било од подгрупите.
Според соопштението, покрај трговијата со дрога, мафијата е најактивна во гастрономијата и продажбата на храна, како и во трговијата со автомобили, а кривичните дела се однесуваат на даночно затајување, перење пари и злоупотреба на стимулативни средства.
Претставникот на Партијата на зелените во Комисијата за внатрешна политика на Бундестагот, Марсел Емерих, изјави дека Германија, поради сè уште големото присуство на готовина во деловниот свет, е погодна за перење пари.
Германија е европска пералница на пари, наведе Емерих.
По падот на Берлинскиот ѕид во 90-тите години од минатиот век, германските медиуми пишуваа за зголемена активност на мафијата во источниот дел од земјата, каде по повторното обединување имаше голема потреба од отворање ресторани, особено со италијанска кујна, а државата инвестираше милијарди во економските стимулации.