Италијанската полиција денеска уапси поранешен германски офицер (64) поврзан со десничарска организација осомничена за подготовка на државен удар во Германија.

Тој е уапсен во хотел во Перуџа, каде што е пронајден „материјал поврзан со субверзивна активност“ на организацијата.

Според локалните медиуми, започнати се постапки за екстрадиција на уапсениот.

Германската полиција рано денеска уапси 25 осомничени членови и поддржувачи на екстремната десничарска сцена, членови на групата „Граѓаните на Рајхот“, кои се осомничени дека планирале државен удар.  (МИА)