Бројот на нови случаи на коронавирус во Јапонија е зголемен за 50 пати од почетокот на годината.
Локалните медиуми објавија дека бројот на дневни случаи на Ковид-19 во Јапонија надмина 25.000, првпат од август 2021 година.
Во последните 24 часа, во Јапонија се евидентирани 25.630 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број на случаи на Ковид-19 се искачи на 1.859,973.
Некои региони ги соборија сопствените рекорди. Имаше 3.692 случаи во југоисточниот град Осака, 1.829 на најјужниот остров Окинава и повеќе од 1.000 во Хирошима.
Со оглед на тоа дека бројот на нови случаи на 1 јануари 2022 година изнесуваше 457, бројот на дневни случаи на Ковид-19 е зголемен за дури 50 пати во последните две недели.
Најголемиот дневен број на случаи на Ковид-19 некогаш регистриран во Јапонија беше 25.992, а бил регистриран на 20 август 2021 година.