Заразени се речиси 200 луѓе откако вирусот бил откриен на градскиот аеродром на 20 јули.
Сите летови од аеродромот во Нанџинг ќе бидат суспендирани до 11 август.
Сите 9,3 милиони жители на градот, вклучувајќи ги и оние што дошле да го посетат Нанџинг, ќе бидат тестирани, објави државната новинска агенција „Синхуа“.
Официјалните лица веруваат дека жариштето е предизвикано од позаразната делта варијанта на вирусот и дека инфекцијатата се проширила поради присуството на вирусот на фреквентниот аеродром.