Меѓу другите точки, Koha Ditore наведува дека Српската православна црква ќе има посебен статус, додека Митровица ќе биде заедничка економска зона. Според овој документ, се предвидува сите постигнати договори досега да бидат спроведени, а конечниот договор да биде постигнат до февруари 2022 година.

Весникот нагласува дека редакцијата го добила документот за кој се вели дека е „нон-пејпер“, подготвен од Германија и Франција, како заедничка иницијатива на тие две земји за продолжување на дијалогот и негово заклучување со договор.

Автентичноста на тој документ не можеше да ја потврди Koha Ditore, но во текстот се наведува дека некои дипломати со кои разговарале потврдиле дека точките споменати во документот се повеќе или помалку во согласност со она што се дискутира во дијалогот, јави N1.