Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти. На Клиниката за детски болести има19 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.
Вкупно 668 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.