Станува збор за уште една пратка од 3.000 дози кои се всушност втора доза за медицинскиот персонал кој беше вакциниран со вакцината „Спутник“.
Досега со донацијата од Србија и Русија во земјава се вакцинирани околу 7.000 здравствени работници.
Покрај 24.000 дози од првата пратка преку Ковакс механизмот во недела ќе пристигне и втората пратка од Русија, потврдија за Сител од Министерството за здравство.