Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на својот фејсбук профил истакна дека на 14-ти овој месец ќе стигне втората пратка вакцини, набавени преку КОВАКС механизмот.
– Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk, напиша Филипче на својот фејсбук профил
Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме…
Posted by Венко Филипче on Tuesday, May 11, 2021