Ова беше истакнато на денешната онлајн тркалезна маса на тема „Презентација на резултати од прва студија „Производство на тутун и ефектите од субвенциите за тутун во Р Македонија“, при што беше заклучено дека во голема мерка се потребни подлабински анализи и мерки.

Анализите спроведени од „Аналитика тинк-тенк“ заедно со Универзитетот „Илиноис“ од Чикаго покажуваат дека 30 проценти од интервјуираните производители на тутун се подготвени да го пренасочат своето производство во согласност со барањата што може да се јават за време на процесот на пристапување во ЕУ.

Според професорот Борче Треновски, Владата треба да работи на едукација и информирање на тутунарите во зејава за потребата од пренамена кон други култури, а Министерството за земјоделство и другите релевантни институции треба да спроведат темелна анализа за да се најдат култури кои генерираат висока вредност и можат да помогнат да се замени тутунот.

Помалку одгледување на тутун, значи помалку исплати на субвенции за тутун, а разликата може да се распредели за инвестирање во култури со повисока вредност, вели Треновски, укажајќи на фактот дека глобалната побарувачка за цигари се намалува, што веќе доведува до намалување на побарувачката на листови на тутун и цените на тутунот.

– Северна Македонија не е исклучок од овие светски трендови и ќе биде директно погодена од нив, изјави Треновски.

Според Бојана М. Христовска од Аналитика и покрај високите субвенции за тутун во државава бројот на тутунари и производство на тутун се намалува.

– Проблемот е што постојаното зголемување на субвенциите за тутун ги мотивира тутунарите да одгледуваат повеќе тутун за да добијат повеќе субвенции, иако не се сигурни дека ќе можат да го продадат произведеното количество. Ова нарушување често генерира големи количества вишок на тутун, што ги намалува цените, потенцира Христовска.

Таа додаде дека и покрај големите субвенции, одгледувањето на тутун е во опаѓање, а приходот што го произведува е недоволен.

– Бројот на одгледувачи на тутун бележи опаѓачки тренд, почнувајќи од 2010. Во 2020 година бројот на одгледувачи на тутун (19.702) е помал од половина од одгледувачите на тутун во 2010 година (42.622). Овој период се карактеризира со широка миграција од село во град и напуштање на одгледувањето тутун, бидејќи тоа е исклучително трудоинтензивно. Помладите генерации не се особено заинтересирани за одгледување на тутун и се преориентираат кон други професионални активности, оцени таа.

Приближно 45 отсто од вкупното население живее во рурални средини кои опфаќаат околу 87 проценти од вкупната површина на државата од кои 21 отсто се ангажирани во земјоделскиот сектор.

Податоците на Министерството за земјоделство покажуваат дека тутунот сочинува 20,4 проценти од вкупната извозна вредност на земјоделски и прехранбени производи.

Регионалното истражување е во рамките на проектот „Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (УИЦ) – Институт за истражување и здравствена политика