Ирански медиуми го цитираа портпаролот на службите за итни случаи Мојтаба Халеди дека жртвата која била прва секретарка во швајцарската амбасада е пронајдена мртва откако паднала од висококатницата во која живеела во богато предградие на северниот дел на главниот град Техеран.
Халеди рече дека телото на дипломатката го пронашол градинар откако вработена која пристигнала во нејзиниот стан рано утрината забележала дека ја нема.
– Причината за нејзиниот пад допрва треба да се утврди, изјави Халеди.
Швајцарија ги претставува дипломатските интереси на САД во Иран, откако Вашингтон и Техеран ги прекинаа врските по Исламската револуција во 1979 година.