Граничните рампи ќе бидат подигнати само за целосно вакцинираните против Ковид-19, одлучи Кризниот Штаб. За оние кои не се вакцинирани, задолжителен ќе биде негативен ПЦР тест.
– Втората работа е влез на српските граѓани во земјата. На сите што ќе бидат целосно вакцинирани, односно со потврда за вакцинација од Република Србија, ќе им биде дозволен влез во Србија без ПЦР тест и без изолација. Иста е состојбата и со странците доколку се целосно вакцинирани со вакцини од Република Србија. Комплетната вакцинација вклучува две дози на Pfizer, две дози на Спутник V, две дози на вакцина Синофарм. Бидејќи АстраЗенека моментално има само една доза, се подразбира дека една доза е на исто ниво со овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација изјави покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.
Кризниот Штаб одлучи и да не ги олабавува рестриктивите мерки кои сега се во сила. Тоа значи дека затворени остануваат угостителски објекти и трговските центри. Училиштата ќе бидат отворени за ученици кои во помали групи ќе можат да ги поправат оценките или да бидат оценети. Според Кризниот штаб овие мерки дале резултат а ефектите од вакцинацијата допрва треба да придонесат во подобрување на ковид статистиката во Србија.