Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска, при посетата на граничниот премин Табановце се уверил дека со лична карта на која пишува Република Македонија без проблем се влегува во Србија, а дека нема проблеми му кажале и службениците од српскиот граничен премин.

Од страна на раководните полициски службеници на граничниот премин министерот беше известен дека сѐ се одвива во најдобар ред согласно утврдените правила и дека граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со оние лични карти кои се со името Република Македонија, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.

Од страна на министерот Тошковски беше потенцирано она што во изминатите денови го соопштивме како министерство, а тоа е правото на граѓаните доколку бидат спречени да остварат излез, да добијат писмено образложение со причините за истото.

Исто така, министерот кратко ги поздрави и одговорните полициски службеници од српската гранична полиција кои потврдија дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено и во таа насока се заблагодари за одличната соработка која ја имаме како министерства, се вели во соопштението на МВР.