Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пристигна во официјална посета на Македонија, а на охридскиот аеродром беше пречекан од македонскиот премиер Христијан Мицкоски, заедно со министрите од Владата.

По пречекот, двајцата премиери остварија тет-а-тет средба.

-Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици, објави Мицкоски.

Во 12:30 часот следува заедничка прес конференција на Мицкоски и Пленковиќ.