Водата во Скопје е исправна за пиење, покажуваат резултатите добиени од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 03.04.2023 до 07.04.2023 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), наведува прептријатието во неделниот извештај.