Волстрит бележи пад, златото достигна рекордни нивоа

Додека Волстрит бележи пад, златото достигна рекордни нивоа. Инвеститорите масовно се повлекуваат кон сигурни финансиски засолништа, подгревани од засилената неизвесност околу трговската војна меѓу САД и Кина.

Трамп ги паузираше царините за сите освен за Кина: Исторски скок на Волстрит

Пазарите реагираа бурно – азиските берзи се во пад, а токискиот индекс Никеи загуби повеќе од 5 проценти. Слично сценарио се одвива и на Волстрит, каде што беа избришани речиси сите добивки од претходниот ден.

Царини на релација Трамп – Кина

Причина за најновата турбуленција се новите трговски мерки од Вашингтон. Белата куќа објави нов сет на царини, со кои Кина се соочува со вкупна царинска стапка од дури 145 проценти.

И покрај напнатоста, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да внесе доза на оптимизам, изјавувајќи:

„И понатаму верувам во можноста за договор. Двете земји ќе најдат решение што ќе биде во интерес на сите.“

Но, Кина не остана должна. Пекинг возврати со реципрочни мерки, воведувајќи нови царини до 84 проценти за американски производи кои влегуваат на кинескиот пазар.

Трговската војна на Трамп е тик-так бомба: Зарем не научивме ништо од 1930 и големата депресија?

Аналитичарите предупредуваат дека продолжената конфронтација меѓу двете најголеми светски економии би можела дополнително да ги наруши глобалните пазари и да го забави економското закрепнување по пандемијата.

Дали Трамп ќе ги укине царините?

Во меѓувреме, Трамп ја притиска ЕУ да го намали својот трговски суфицит со САД. На пример со купување на нереални количини гас или со намалување на стандардите за безбедност на автомобилите.

Додека Европа им продава повеќе стоки на Американците, САД, од своја страна, имаат вишок кога станува збор за услугите. Вкупните трговски односи вредни 1,3 трилиони евра се разликуваат само за околу 50 милијарди евра. Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен оваа недела ја обнови идејата за укинување на сите индустриски тарифи – во договор „нула за нула“ – на реципрочна основа.

Синоќа на собирање средства на Републиканската партија, Трамп се пофали дека „многу земји ми го бакнуваат задникот само за да преговарам со нив. Тие велат: „Ве молам, ве молам, сакаме да преговараме“.