Вчера во 8 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од с.Брвеница и го напуштило местото, соопшти денеска тетовската полиција.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.
