Според информациите кои ги има Министерството за внатрешни работи на Бугарија, во околу 6:40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, при што едно лице загинало, пренесува “ТВ21”.

Камионот кој имал македонски регистарски таблички пренесувал санитарна опрема.

Според информациите кои доаѓаат од Бугарија, камионот со македонски таблички застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до несреќата дошло кога се обидел повторно да се приклучи во движење.