Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 21 возач на различни локации низ државата поради сомнение дека сториле кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Од приведените, 14 управувале возило без положен возачки испит, тројца возеле под дејство на алкохол, а четворица имале активна забрана за управување.
Поради управување возило без положен возачки испит биле лишени од слобода Б.С. (18), А.Б. (20) и Е.М. (21) од скопско, Б.Ф. (24), А.Ч. (19) и Е.Ј. (28) од Скопје, Т.Т. (62) од Велес, Б.А. (36) од селото Мелница, Општина Чашка, А.Ш. (26) од Битола, А.С. (18) од битолско, Х.Р. (18) од Охрид, Н.М. (44) од валандовско, А.И. (28) од тетовско и Ф.Ј. (24) од Тетово.
Полицијата ги привела и С.К. (54) од Скопје, Т.С. (68) од радовишко и Д.С. (41) од тетовско, бидејќи управувале возила под дејство на алкохол.
Поради управување возило за време на активна забрана биле лишени од слобода Д.С. (32) од Кичево, С.М. (32) и Г.П. (42) од Скопје и С.Т. (55) од Кавадарци.
По целосното документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа од МВР.
