Си-Ен-Ен денеска објави шокантно видео, на кое наводно се гледа како руски војници пукаат во двајца цивили пред салон за автомобили во Киев. Се работи за сопственик на продавницата и чуварот.
Видеото наводно е направено на 16 март во Киев. Според Си-Ен-Ен, на неа се гледа како руски војници пукаат во бравите и го кршат стаклото од салонот. Сопственикот на салонот им приоѓа со кренати раце. Од безбедносни причини е скриен идентитетот на семејството и сопственикот на салонот.
Руските војници потоа застануваат и го претресуваат. Доаѓа уште еден цивил, Леонид Олексијевиќ Пљац (68), кој работел како чувар во салонот.
Си-Ен-Ен објави дека ја проверил автентичноста на видеото, а испратиле и истрага до Министерството за одбрана на Русија, но засега не добиле одговор.
И двајцата цивили за жал починале.
Ќерката на Леонид Олексијевиќ, кој работел како чувар во салонот, не можела да го погледне видеото, но вели дека го чува.
– Еден ден би можела да им покажам на моите деца, за да не заборават колку биле диви освојувачите. Тие се џелати. Татко ми беше цивил, имаше 68 години, беше мирен и невооружен – рекла Јулија.