Ќе дува и слаб до умерен ветер, а температурата ќе се искачи од 9 до 17 степени.
Во Скопје и околината, ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а во текот на вечерните часови ќе има и услови за дожд. Максималната температура ќе се искачи до 13 степени.
За утре прогнозата е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.