Денеска во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температири се движат од 8 степени во планинските западни области до 17 Целзиусови степени на крајниот југ. Во текот на денот температурите ќе бележат раст во интервалот од 21 до 29 Целзиусови степени, соодветно за регионит. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје и околината денеска, како и во текот на следната седмица, времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура е околу 14-от степен, а максималната дневна ќе достигне 27 Целзиусови степени.