Денес ќе има врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи.

Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло. Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег.

На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места.

До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.