Стотици македонски државјани се вакцинираа или ревакцнираа викендов во Врање. Според информациите вкупно биле  пријавени над 700 граѓани , но некои се вакцинираа и без закажувања.

Според информациите од МВР викендов имало зголемена фрекфенција на македонски граѓани на граничните премини, односно 6725 македонски граѓани ја поминале границата кон Србија.

Во анкетата , македонските државјани велат дека се вакцинираат во Србија затоа што во Македонија нема доволно вакцини,

„Немаме закажано, само што дојдовме, нè примија. Сакам да му се заблогадарам на претседателот Александар Вучиќ, алал да ти е човече, изјави за РТС на една жена од Македонија која дојде викендов да се вакцинира во соседна Србија.

Нема потреба од закажување, доволно е да се дојде со лична карта, РТС јави дека за Македонците достапно е вакцинирање во Врање без термини.

Таму и викендов имаше нашинци кои заминаа да примат први дози од вакцините против Ковид-19, а според информациите од Србија во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Македонија.

Од Македонија доаѓале претежно млади луѓе кои подоцна би дошле на ред овде.

Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно во својата земја вакцината би ја примиле многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни, изјави д-р Љиjана Антиќ, директор на Здравствениот дом во Врање.

Таа додаде дека има доволно вакцини и дека се аплицираат вакцините на „Синофарм“ и „Фајзер“.

Вчера РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. До вчера во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Република Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.