Претседателите на Србија и Турција, Александар Вучиќ и Реџеп Тајип Ердоган денеска се сретнаа во Њујорк за време на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.
Многу добра средба со претседателот на Турција. Разговаравме за сите важни прашања и се договоривме за неговата скорешна посета на Србија, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
Вучиќ претходно во Њујорк присуствуваше на приемот организиран од германскиот канцелар Олаф Шолц по повод 50-годишнината од членството на Германија во ОН, а се сретна и со претседателите на Чешка и Словенија, Каталин Новак и Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и претседателот на Бугарија, Румен Радев, јави Бета.