На овие избори падна СДСМ, ама катастрофата не ја одмина ниту ДУИ. Традиционалните “партнери во криминалот” дури истовремено и тонат.

Пишува: Наум СТОИЛКОВСКИ

ДУИ е на колена и се обидува на етничка база “да испуши луле на мирот” со оние што го клекнаа. Каков веќе виден обид да ги прелаже.

И тоа е истото отровното јаболко, најголемата измама која Али ја прави веќе 20 години на сцена!

А во превод, Али не сака да го видите тоа што сега изгледа вака:

Сакаш некој како Јоцо за кого еден лош глас нема во Брвеница;

Или

Сакаш утре некој да ти ги “реди” жените, ќерките, снаите, мајките, сестрите како Фатмир?

Прашајте ги оние во Кичево што морале да го гласаат по етнички клуч Фатмир Дехари, прашајте ги како се чуствувата кога им ги збори жените?

А ги збори, затоа што знае дека ништо не морал да вети ниту да сработи за луѓето, може да ги пцуе и навредува, мислејќи пак ќе го гласаат само заради “етнички клуч”.

И сега? Што е поважно? Улицата или етникумот? Да го слушаш на Али, да го слушаш на Дехари? Или да слушаш разумот?

Треба ли да размислуваш за кого да гласаш во 21 век; за оној што ти пцуе мајка или оној што те почитува?

Политички, надминати се времињата на етнички поделби, бидејќи ги поделија семејствата, ги поделија родителите од децата, го испразнија полошкиот регион. Децата бегаат од вакви целосно нерационални понуди.

Прашањето за политичарите, лидерите, кандидатите од коалицијата влен пред вас сега е дали ќе се одважите да се издигнете на европски, западен левел, или ќе потонете како кукли на Али? Ќе бидете модерни политичари или ќе бидете како Таравари и Сеља- двајцата лути противници се судат за легитимитет додека исчезнуваат седнати во скутот на Али!

Игра на ДУИ е поразена. И лани со составување на владата и новото мнозинство, и сега на овие локални избори.

И прашање на вториот круг е дали некој има капацитет да продолжи политиките да ги темели на проекти и визии за подобро утре, или строго на етничка линија на поделба?

Граѓаните коишто живеат тука си го кажаа своето.
Време е да се послушаат.
За оние вторите повеќе ќе нема место во политичкиот живот на земјата.