За првпат Македонец ќе оценува друга држава, а за истото ќе биде напишан извештај до Советот на Европа. „Деновиве во функција на известител определен од Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, учествувам во мисија за утврдување на фактите во Босна и Херцеговина“, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Ова е првпат член на македонската Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во функција на известител да учествува во мониторинг мисија и да известува за напредокот на друга држава. По посетата ќе изготвиме извештај за напредокот на државата, кој прво ќе биде претставен пред членовите на Мониторинг комисијата, а потоа, заедно со препораките за идните чекори прво ќе биде предмет на дебата на пленарна седница, а потоа ќе следи гласање за текстот, кој ќе ја претставува заедничката позиција на Парламентарното собрание на Советот на Европа, истакна Николовски.