Власта требаше да превзема мерки уште кога почна да се отвора инфлаторната спирала, а секое задоцнување на мерките граѓаните ќе го чувствуваат по својот џеб.

Поскапен е лебот, житото, млекото и млечните производи, месото, маслото, овошјето, зеленчукот, кондиторските производи, буквално се што е потребно за животот на едно просечно семејство. Во продавница веќе 1000 денари не стасуваат основните дневни намирници да се испазарат за едно семејство.

Над 600 илјади лица живеат во сиромаштија, а таа бројка за жал ќе се зголемува поради неспособноста и неодговорноста на власта на СДСМ и ДУИ. Тие се посветени на криминалот и корупцијата кои одат рака под рака со осиромашувањето на граѓаните. Македонија е земјата која најтешко ја чувствува секоја криза, затоа што мафијата на власт наместо интересот на народот, се води од мотивот за лично богатење.

Заев и Заевизмот се изворот на кризите во Македонија. Економската криза, сиромаштијата и стравичната инфлација се резултат на нив и тие не може да бидат решение за оваа криза. Решението се брзи предвремени парламентарни избори и конечно заминување на Заев и заевизмот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.