Поради верскиот празник Задушница, денеска ќе сообраќаат дополнителен број автобуси на редовните линии 59 – Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел, 59А – Ново Лисиче – Гробишта Бутел и 59Б – Кисела Вода – Гробишта Бутел, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.