Целта е промоција на инвестициите во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини како и на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува.

По обиколката на производствените погони во 11:25 часот, изјави за медиумите ќе дадат премиерот Заев и Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на бордот на директори на „Брако”. Изјавата за медиуми е предвидена на локација пред халата каде се произведуваат еколошките возила под брендот на „Грин Машинс”.

На настанот ќе бидат присутни и заменик-претседателите на Влада за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, како и министрите за економија Крешник Бектеши и за локална самоуправа Горан Милевски