Средбата, како што соопшти владината прес-служба, беше искористена за разговори и договори за димензионирање на конкретни решенија, кои ќе бидат поволни за оризопроизводителите и откупувачите на ориз, за што поуспешен пласман на овогодинешната реколта на оризова арпа и ориз.
По консултациите и разговорите, премиерот Заев нагласи дека Владата ќе излезе во пресрет, со цел изнаоѓање на најдобри решенија за исполнување на барањата на оризопроизводителите.
Од премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа беа изнесени предлог-решенија, кои беа прифатливи за претставниците на оризопроизводителите и во наредните неколку дена ќе бидат интензивирани комуникациите со откупувачите на ориз и оризова арпа за соодветно исполнување и спроведување на предложените решенија.
Претставниците на оризопроизводителите изразија задоволство од предложените решенија и истакнаа дека ќе упатат апел до откупувачите да бидат коректни во разговорите со министерот Хоџа со цел изнаоѓање на најповолно решение за сите страни, стои во соопштението.