Денешното гостување на премиерот Зоран Заев во „Утрински брифинг“ откри скандалозно ретуширање на македонската историја!  За жал, за тоа е искористен ликот на првиот претседател на самостојна Република Македонија, Киро Глигоров!, анализира ПресингТВ

А, за да биде скандалот уште поголем, Википедија, иако е неформален извор на податоци, манипулира со елементарни факти!

Оттука и дилемата – дали со ова се потврдува дека дигитализацијата на учебниците дефинитивно ќе значи и целосно искривување на историските факти и на македонската историја!?

Во гостувањето во утринската емисија, премиерот Заев или лидер, како што ќе рече самиот, на „Македонија е врв на Балканот“, во контекст на претседателот Глигоров ќе рече:

-Го спомнавте поранешниот претседател Киро Глигоров, не знам дали знаете тој на свои 27 години е секретар на иницијативниот одбор на АСНОМ и ја има една од многу важните задачи ја води записникот од одлуките кои што се донесени во АСНОМ, тој е нашиот прв делегат во АВНОЈ на свои 27 години и навистина гледавме еве каква кариера стигна.

Со ова тој се обиде да направи паралела со кадровските промени во партијата, извршени на последниот конгрес.

Забележливо, премиерот не наведе на кое заседание на АВНОЈ бил делегат претседателот Глигоров, веројатно во обид да го прикрие своето елементарно непознавање на историјата.

Прво и основно, од суштинско значење за Македонија и македонската држава се Првото и второто заседание на АСНОМ, а за поранешната југословенска федерација Првото и Второто заседание на АВНОЈ. Третото заседание на АВНОЈ се одржало дури по завршувањето на Втората светска војна, од 7 до 10 август 1945 година во Белград. И на тоа заседание учествува Глигоров.

Историски факт е дека ниту на Првото, ниту на Второто заседание на АВНОЈ не присуствуваат делегати од Македонија. Дали поради лошите временски услови или затоа што можеби не сакале е тема за која може да се дискутира.

Наместо тоа, од историско значење е средбата на македонската делегација со Маршалот Тито на островот Вис, одржана во мај 1944 година. Значи, нецели три месеци пред Второто заседание на АСНОМ. И делегацијата се состоела од тројца членови – Методија Андонов-Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев. Нејзин дел не бил претседателот Киро Глигоров.

Но, скандалозно е што на Википедија стои дека Киро Глигоров бил член и присуствувал на средбата со Маршалот Тито на островот Вис!!!

Со ова дефинитивно се манипулира со ликот на претседателот Киро Глигоров и се испишува некоја нова, до сега непозната страница во македонската историја.