Тој потенцира дека плажите во Охрид се срамнети и тој го поздрави тој потег.

Сите бетонски платформи се урнати и сега конечно се постапува. Сакаме во последните 2 години да ги исправиме сите неправди во последните 30 години. Институциите постапуваат. Државата определи буџетски пари за да помогне на општините за да рушат и извршуваат – истакна Заев во емисијата „Топ тема“.

УНЕСКО донесе предлог-одлука Охридскиот регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, а ваквата одлука треба да се формализира на состанокот на Комитетот за светско наследство во Фужоу, Кина, кој треба да се одржи од 16 до 31 јули.

Комитетот е длабоко загрижен за заклучоците на мисијата од 2020 година, според кои високите објекти близу езерото, слабиот архитектонски квалитет на изградената средина (посебно во градовите Охрид, Струга и Поградец, но исто така и долж крајбрежјето надвор од урбаните средини), и несоодветната и претерана употреба на крајбрежната зона за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание врз универзалната вредност на регионот – стои во извештајот на УНЕСКО.