Пасаривакис се заблагодари за учеството на премиерот Заев на конференцијата и за заложбите за унапредување на економските релации на двете земји. Таа искажа позитивни зборови за лидерската улога на премиерот Заев и придвижувањето на многу важни процеси меѓу двете земји сé со цел економски развој, соопшти владината прес-служба.

На состанокот премиерот Заев уште еднаш ја искажа поддршката и упати честитки за професионалната организација на конференцијата „Економист“, каде на едно место учествуваат лидери, стопанственици, дипломати и еминентни личности од различни сфери.

Беше заклучено дека инвестициите имаат многу важна улога за развој на регионот на Западен Балкан до натамошна ЕУ интеграција.