Денеска започна продажбата на билетите за првиот натпревар на македонската фудбалска сениорска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 и пријателскиот меч против Фарски Острови.

На 23 март (четврток), нашата најдобра репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 20.45 часот. Четири дена подоцна, на 27 март (понеделник), во пријателски натпревар ќе ја пречекаме селекцијата на Фарски Острови од 18.00 часот.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Малта и натпреварот Македонија – Фарски Острови се одвива исклучиво преку продажната мрежа на MkTickets.

Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Поради нефункционалност на читачите за билети на Националната арена, за двата натпревари нема да има on-line продажба и електронски билети.

МАКЕДОНИЈА – МАЛТА (Национална арена „Тодор Проески“, 23. март), МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ Острови (Национална арена „Тодор Проески“, 27. март);

Северна Трибина: Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 по цена од 200 денари;

Јужна Трибина: Блок 1, 2, 5 и 6 по цена од 200 денари и Блок 3 и 4 по цена од 300 денари

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Скопје:
∙ ЛитератураМК – City Mall
∙ ЛитератураМК – East Gate
∙ ЛитератураМК – Веро Центар
∙ Литература – ТЦ Буњаковец
∙ ЛитератураМК – ул. Македонија
∙ Југотон ГТЦ 1
∙ ЈК Травел – ТЦ Бисер
∙ Макпетрол – Козле
∙ Макпетрол – Илинденска
∙ Макпетрол – Влае
Велес:
∙ Унисон
Прилеп:
∙ ТА Бран

Куманово:
∙ Тобако Агора
Тетово:
∙ Тобако Монако
∙ Гранд Тобако
Гостивар:
∙ Тобако Вона 5
Охрид:
∙ ТА Вис Пој
Битола:
∙ ЛитерараМК
∙ Tobacco Brothers
Струмица:
∙ ЛитератураМК
∙ ТА Сафари
Радовиш:
∙ ТА Халкидики

Се повикуваат сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на воведниот натпревар од новите квалификации за ЕП 2024 против Малта и контролниот меч против Фарски Острови.