Исплатата започнува деновиве по завршени процедури
Министерот за спорт, Борко Ристовски, во интервју соопшти дека исплатата на финансиските средства од државата кон спортските колективи ќе започне деновиве. Тој објасни дека сите процедури за распределбата на средствата се завршени, па субвенциите ќе бидат реализирани без одлагање.
„Деновиве започнува исплатата на субвенциите, односно средствата коишто ги има одвоено државата преку Министерството за спорт за субвенционирање на националните спортски федерации, клубовите и на поединци. Завршени се сите процедури и обврските што беа преземени ќе бидат реализирани.“, изјави Ристовски.
Целосното интервју на Борко Ристовски можете да го прочитате на следниот линк.
