Тој во одговор на новинарско прашање дали има напредок во случајот со македонските дипломати, посочи дека институциите од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда.
-Јас ги имам информациите што ги имаат веројатно и јавноста и дел од влаидните функционери. Министерството за правда нема тука никаква улога, бидејќи лицето кое што е во притвор, нашиот дипломат кој што е во притвор во Србија, нема кај нас отворена постапка заради која што ние би го барале како држава, рече Маричиќ.
Тој напомена дека може да се бара екстрадиција или транфер на осудено лице, меѓутоа, како што рече, дипломатот не е ниту осуден се уште, ниту пак кај нас има постапка врз основа на која ќе треба да го бараат.
Маричиќ рече дека министерставата од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда, а нема информација дали стапиле во контакт со Министерството за внатрешни работи.