Бурим Ахмети од Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) изјави дека се е подготвено да пребројување на гласовите.
На изборите учествуваа 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.
За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници во Косово се кандидираа 5.198 лица.
Гласачките места беа отворени од седум до 19 часот.
Изборите ќе следеа повеќе од 25.000 набљудувачи од политичките партии, иницијативи, коалиции и претставници на независни кандидати, граѓанското општество, медиумите, како и претставници на дипломатските претставништва акредитирани во Косово. Изборите беа следени и од специјален тим за набљудување на Европска Унија.