По првиот дел, кој траеше речиси два часа, и по 15-минутна пауза, двајцата лидери ги продолжија разговорите. Вториот дел од средбата траеше околу еден час и 20 минути. Генерално, состанокот заврши половина час подоцна од планираното.
Во разговорите двајцата лидери беа придружувани од високи претставници. Бајден беше заедно со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан, секретарот за финансии Џенет Јелен, индо-пацифичкиот координатор во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Курт Кембел и директорот за Кина во Советот за национална безбедност, Лаура Розенбергер.
Си Џинпинг беше придружуван од шефот на канцеларијата на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија Денг Ксујанг, вицепремиерот Лиу Ха, високиот функционер за надворешна политика во Централниот комитет на Комунистичката партија, Јанг Јиечи, министерот за надворешни работи Ванг Ји и заменик министерот за надворешни работи Се Фун.
На средбата лидерите размениле мислења за билатералните односи и прашања од заеднички интерес. Тие разговараа и за стратешки и фундаментални теми, јавија американските медиуми.
Состанокот преку видео конференција меѓу двајцата лидери се одржа во момент на зголемени тензии меѓу двете земји. Бајден го критикуваше Пекинг за кршење на човековите права поврзани со Ујгурите, задушување на демократските протести во Хонг Конг, воена агресија врз Тајван и други прашања. Пекинг го критикуваше Вашингтон за мешање во внатрешните работи на Кина.
Досега двајцата лидери имале неколку телефонски разговори, од кои последниот во септември.