Зечевиќ од три општини со кои владееше СДСМ за адвокатски услуги инкасирал 30.000 евра за три години, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во период од 2019 до 2021 година Миле Зечевиќ само од општините Неготино, Пробиштип и Град Скопје инкасирал 30.000 евра. Колку други тендери или договори со јавни претпријатија и државни институции склучил Зечевиќ како адвокат? И како Зечевиќ и неколку луѓе од СДСМ ги добивале сите договори и работи од институциите со кои управувале луѓе од СДСМ. Ист пример како со Зечевиќ е и со адвокатското друштво на Снежана Калевска Ванчева, која за адвокатски услуги инкасирала над 55.000 евра, велат од партијата.

Од таму додаваат дека и додека другите адвокати работат и се борат на пазарот, луѓето блиски до СДСМ добиваат договори или тендери и печалат илјадници евра.

-Целата паника во СДСМ, каде Зечевиќ е генерален секретар е токму затоа што ја немаат апсолутната власт во општините и не можат да земаат тендери и да се гоштеваат по кафеани на сметка на народот. Затоа се и сите неосновани напади кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што го оневозможија нивниот криминал и арамилук, стои во партиското соопштение на партијата.