Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека годинашнава жетва би можела да биде на половина од вообичаената, поради руската инвазија на Украина.
-Украинската жетва оваа година е под закана да биде половина од вообичаеното, напиша Зеленски на Твитер.
-Нашата главна цел е да спречиме глобална криза со храна предизвикана од руската инвазија. Сепак, житарките наоѓаат начин да се испорачаат алтернативно, додаде тој.
Украина, клучен глобален снабдувач на жито, се бори да ги достави своите производи до клиентите поради руската поморска блокада на украинските пристаништа на Црното Море.
Договорот потпишан под раководство на ОН и Турција на 22 јули предвидува безбеден премин за бродовите што превезуваат жито од три јужни украински пристаништа.
Говорејќи во едно од тие пристаништа во петокот, украинскиот министер за инфраструктура рече дека Украина е подготвена да започне со испорака на жито и се надева дека првите бродови ќе заминат до крајот на неделата.