Украина има една од најниските стапки на вакцинација во Европа и се движи кон најлошиот бран на пандемијата бидејќи бројот на смртни случаи достигна негативен рекорд минатата недела кога 833 лица починаа во еден ден, пренесува „Ројтерс“.

Во претходните седум дена во Украина се евидентирани 320 новозаразени на 100.000 жители, а на дневно ниво во просек се регистрираат околу 20.000 заразени со вирусот, додава британската агенција.