Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Иран, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 56 километри северно од градот Горган, чие население надминува 350.000 луѓе. Земјотресот бил на длабочина од 7,2 километри.
Нема информации за повредени или материјална штета.