Земјотрес со јачина од 4,7 степени е регистриран денеска во југоисточниот турски округ Малатија, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 4 часот и 34 минути, бил во градот Путурге. Бил на длабочина од 10 километри.
Во 5 часот и 13 минути е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени.
Нема информации за повредени лица или материјална штета.
Малатија беше меѓу најтешко погодените области во Турција во разорните земјотреси од 6 февруари.