-Следната недела ќе се прави нова евалуација. Денеска бројката на заразени од ковид -19 е под 1000 случаи и сметаме дека тоа се должи на веќе донесените рестриктивнии мерки, изјави тој.
На новинарско прашање како ќе го натера неселението да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека , по последните истражувања од анкетата на Брима според која дури 36 отсто од македонските граѓани не сакаат да се вакцинираат , а ја бараат вакцината на компанијата „Фајзер“, министерот посочи дека сите вакцини што пристигнуваат во РСМ се безбедни и нема причина за загриженост.
-Сакам да ги уверам граганите дека секоја вакцина што ќе пристигне ќе биде безбедна. Вчера дефинитвно тоа го демантираше и Европската Агенција за лекови (ЕМА) , таа потврди дека вакцината на АстраЗенека е безбедна. Затоа сите европски земји кои го запреа вакцинирањето сега ќе го продолжат. Можно е да има и обештетување на несаканите последици од вакцините, посочи Венко Филипче и дополни дека кога ќе стигнат вакцините, тој прв ќе се вакцинира со вакцината на Астра Зенека.