Топлото време ќе го одбележи почетокот на викендот, но попладневните часови носат услови за локална нестабилност. На места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите може да прераснат во невреме со силен ветер и град.
Во сабота, 29 август, времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од 17 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од Скопската Котлина процесите може да бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
За време на викендот, претпладневните часови ќе бидат сончеви и топли, додека во попладневните часови наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во новата работна седмица времето ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.
