Цела Македонија е во пламен во изминатите неколку седмици. Надлежните се обидуваат да се справат со огнената стихија, која тешко се контролира во повеќе места.

Критично е во пехчевското село Робово, а пожарот е дојден на неколку километри од куќите.

“Ситуацијата воопшто не е добра. Изгоре се, пожарот се доближува до куќите и е на два километри над селото. Нема струја, а немаме ни сила. Три дена никој не дојде. Апелираме, ама никој ништо не прави”,  изјавија жители на Робово, за Фокус.

Освен од околните земји, помош за Македонија при гасењето на пожарите најавија и од ЕУ.