Во ова кино, истакнуваат од ЗОО Скопје, ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот.
– Ние решивме во скопската зоолошка да имаме ваква атракција, бидејќи секаде во светот зоолошките се модернизираат и дигитализираат. Ова ќе биде вистинска забава и дополнителна едукација со 7Д ефекти, бидејќи ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино периодот. 7Д киното ќе биде поставено блиску до влезот, а набавката нема да биде на товар на градскиот буџет, туку ќе биде платено од спонзори, истакна директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски.