Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, зборувајќи за молкот од владата по протекувањето на францускиот предлог во јавноста, рече дека тоа било дел од државната стратегија, но и дека имало обиди за хибридни напади, со цел да се наруши таа стратегија.
-За жал, имаше обиди за хибридни напади. Имаше луѓе од овде што се обидуваа, се јавуваа кај министри, кај политички партии, со лажни информации за да се обидат да ја нарушат оваа државна стратегија. Доколку се докаже дека тоа е дел од некоја поорганизирана шема за да се наруши државната позиција, тоа веќе покренува сосема друго прашање, изјави Османи во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.