На 25.04.2021 во 13.00 часот на автопатот Штип – Миладиновци, кај место викано „Ерџелиски мост”, светиниколско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Г.М.(25) и Р.С.(26), двајцата од Радовиш. При преглед во возилото „нисан”, кое го управувал Г.М., а сопатник бил Р.С. и при нивен личен преглед полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.
Тие биле приведени во Полициската станица Свети Николе и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Запленета марихуана, приведени две лица
З
Приведени две лица од Радовиш поради поседување на марихуана.